Приказната на BAUSCH & LOMB започнува во 1853 година кога Џон Џејкоб Бауш [John Jacob Bausch], германски имигрант, отвора мала продавница за оптика во Рочестер, Њујорк [Rochester, New York].
Кога му биле потребни повеќе пари за да го одржи бизнисот, побарал 60 долари од својот пријател Хенри Ломб [Henry Lomb] со ветување дека доколку бизнисот се прошири, Ломб ќе стане полноправен партнер. Бизнисот се развил и партнерството било формирано. Во првите години Bausch & Lomb произведуваат рамки како и други оптички производи кои бараат висок степен на прецизност при производството. До 1903 година на фирмата и биле издадени патенти за микроскоп, двоглед, бинокуларен телескоп.
|
Во првите години Bausch & Lomb произведуваат рамки како и други оптички производи кои бараат висок степен на прецизност при производството. До 1903 година на фирмата и биле издадени патенти за микроскоп, двоглед, бинокуларен телескоп.
Во 1900 година тие продолжуваат да се докажуваат како водечка фирма во технолошките иновации за оптички производи. Тие го произвеле првото квалитетно оптичко стакло направено во Америка, очила за сонце за војската во Првата светска војна како и леќите наменети за камерата која ги направила првите сателитски снимки на Месечината. Во 1971 година ги претставуваат првите меки контактни леќи. |
Производите и времињата се менуваат, но BAUSCH & LOMB е сеуште најголемиот светски снабдувач на производи за нега на очите! Тоа се должи на нивната посветеност на иновацијата и квалитетот!
Погледнете ја палетата леќи на BAUSCH & LOMB