Очилата за сонце денес имаат важна улога во светот на модните детали. Ги носиме во сончеви денови, на плажа, во снежни зимски денови. Ги носиме поради мода но и за заштита. Тие се грижат за здравјето на нашите очи. Но како се развил тој концепт на сончеви очила?
Најстарите очила за сонце ги измислиле Инуитите, ескимска група, уште во неолитот. (сл.1)
Тие се направени од слонова коска.
Најстарите очила за сонце ги измислиле Инуитите, ескимска група, уште во неолитот. (сл.1)
Тие се направени од слонова коска.
Кинезите пак, пред 12 век изработувале очила за сонце со стакла од кварц. (сл.2) Нив најчесто ги користеле судиите во судниците за да можат да ги сокријат изразите на лицата додека ги испитувале сведоците.
Во средината на 18 век, James Ayscough започнува да експериментира со затемнети очила бидејќи верува дека сините и зелените стакла можат да помогнат при специфични оштетувања на видот. Тој сеуште не бил загрижен за штетните сончеви зраци.
Од 1920 година употребата на очила за сонце се повеќе се зголемува. Познати актери ги користат очилата за да не бидат препознаени од фановите и медиумите. Денес некои познати личности се препознатливи токму по очилата кои ги носат.
За првото масовно производство на очила е одговорен Sam Foster кој во 1929 започнува да ги продава на плажите во New Jersey под името Foster Grant.
Веќе во 1938 година, магазинот ,,Life" пишува за сончевите очила како за моден детаљ. Продадени се околу 20 милиони очила во 1937 година.

Сончевите очила поминале низ долг еволутивен процес за да стигнат онаму каде што се денес. Тие се развиле во најдобра заштита за вашите очи и неопходен детаљ за уникатна модна комбинација.
Затоа внимавајте на вашиот избор! А ОПТИКА ММ е секогаш тука да Ви помогне со тоа!