Историја на очилата
Уште многу одамна постоеле напори да се направат едноставни ,,зголемувачи".
Околу 700 п.н.е. во Асирија се користел полиран кристал познат како леќата од Нимруд (сл.1) . Не се знае со сигурност која била намената на овој кристал. Некои сметаат дека станува збор за првиот телескоп, некои пак веруваат дека бил користен за потпалување со помош на сонцето, а некои дека е тоа почетокот на оптиката.
Во Египет се користеле слични предмети, а античките Римјани и Грци користеле стаклени сфери полнети со вода. Римскиот филозоф Сенека пишува за овие сфери кои биле користени за да ги зголемат предметите кои ги гледаат. Се смета дека царот Нерон кој владеел во времето на Сенека, го користел првиот монокл - смарагд кој го држел на едното око за да гледа појасно на поголеми растојанија.

Во 1000-та година во Северна Италија, каде што стаклото веќе се произведувало, се изработувале разни алатки за вид.
Англискиот филозоф Роџер Бејкон [Roger Bacon] уште во 1266 пишувал за научните принципи на корективните леќи, но нема докази дека го применил тоа знаење.
Првиот чекор кон очила кои ќе можат да се носат го прави Италијанецот Салвино дели Армати [Salvino degli Armati] во 1284 година. Стаклата се поврзани со метал или коска и можат да се носат потпрени на носот.
Овие очила ги насликал на фреска во катедралата Тревисо во 1352 година Томасо да Модена [Tommaso da Modena]. Тоа е и воопшто првото претставување на очила во уметноста. Тој насликал монаси кои читаат и пишуваат, едниот со помош на лупа (сл.2), а другиот со очила поставени на нос (сл.3).

Низ годините се барале различни начини за прицврстување на леќите. Од ленти кои ги врзувале околу главата, до мост кој ги поврзувал преку носот.
Првите очила слични на оние денес ги измислил англискиот оптичар Едвард Скарлет [Edward Scarlett] кој направил цврсти странични делови прицврстени за рамки кои биле притиснати зад ушите. (сл.4)
Подоцна се измислени и првите очила за кратковидност или миопија. Бифокалните леќи ги измислил Бенџамин Френклин [Benjamin Franklin] во 1784 година (сл.5). Тој страдал од миопија и пресбиопија и за да го избегне постојаното менување на очила направил рамка која ги држи двете леќи заедно. За да се замисли идејата да се спојат овие две леќи во исто стакло биле потребни уште сто години.
Од тогаш леќите и рамките постојано се унапредуваат. Она што пред многу векови било огромна мистерија, денес е дел од животот на многу луѓе. Очилата повеќе не се еднодимензионални - луѓето денес можат да се справуваат со очните проблеми и тоа да го прават со стил.