Упатство за употреба на леќи
- Чистотата е многу важна за одржување на контактните леќи. Пред да ги допрете измијте ги рацете со сапун и убаво избришете ги.
- Леќите не смеат да дојдат во допир со вода.
- Леќата секогаш допирајте ја со јагодите на прстот, а не со ноктот!
- Важно е секогаш пред и по користење, леќата да се измие и исчисти со раствор. Ставете ја леќата на раката и истурете неколку капки од течноста за чистење. Со јагодите на другата рака нежно измијте ја леќата.
- Чувајте ги леќите во кутивчето за чување леќи и носете го секогаш со себе
- Водете хигиена за кутивчето за чување на леќи, течноста во него менувајте ја на секои два до три дена
- Контактните леќи не смеете да ги позајмувате од/на други лица
- Шминка се нанесува по ставањето на леќите, а леќите се вадат пред отстранување на шминката
Погледнете како да ги ставите и извадите контактните леќи