Што е сина светлина и како да ги заштитите очите од неа?
Се што треба да знаете за сината светлина, нејзиното влијание врз вашите очи и вашиот вид, и како да постигнете поголем визуелен комфор.
Живееме во дигитално време во кое сме се повеќе опкружени со дигитални уреди. Ваквиот начин на живот стана уште позачестен со почетокот на Ковид-19 пандемијата. Истражувањата покажуваат дека луѓето од сите возрасти, од сите краеви на светот, од април 2020 година поминуваат значително повеќе време пред дигиталните екрани.
Ваквиот начин на живот ги направи луѓето посвесни за пренесувањето на сината светлина и нејзиното потенцијално штетно влијание врз нашите очи, видот, биолошкиот часовник, режимот на спиење, меморијата . . .

Но што всушност е сина светлина и како да се заштитиме од неа?
За да разбереме што е сина светлина потребна ни е малку позадина за тоа како функционира човековиот визуелен систем.
Светлината, која ни овозможува да ги видиме сите нешта околу нас, е електромагнетен бран. Како и секој бран таа има свои бранови должини. Оние бранови должини кои се невидливи за човековото око се инфрацрвените, ултравиолетовите, гама зраците.
Додека оние бранови должини кои ги забележува човековото око, мозокот ги толкува како бои. Овој видлив спектар се движи од црвена до виолетова боја, а фрекфенциите кои постојат помеѓу овие два краја на видливиот спектар мозокот ги преведува како портокалова, жолта, зелена и сина боја.
Тоа значи дека сината светлина е една од боите во видливиот дел од електромагнетниот спектар, која може да потекнува и од природни но и од вештачки извори. Сината, модро-сината и виолетовата светлина имаат најкратка бранова должина, а највисока енергија.

Од каде тогаш доаѓа сината светлина?Најчесто од природни извори. Сонцето е најголем природен извор на светлина.
Меѓутоа, со индустрискиот напредок, има и вештачки извори на светлина кои можат да испуштаат електромагнетно зрачење, а со тоа и светлина. Под вештачки извори спаѓаат блескави светилки, светилки за празнење под висок притисок или ,,паметните" екрани: телефон, компјутер, лап топ, таблет, телевизор, како и секоја друга технологија базирана на полупроводници или диоди (LED сијалици). |
Постојат научни докази дека високо-енергетската видлива светлина (HEV - high energy visible) во синиот и виолетовиот крај на спектарот е способна да ја оштети мрежницата преку фото-токсични механизми. Опасноста е поголема кога станува збор за светлина од природен извор.
Со сината светлина од дигиталните екрани се поврзни и други проблеми на очите, видот, но и нашето целокупно здравје. Поради нејзината кратка бранова должина, таа создава расејувачка и ,,залутана" светлина која предизвикува одредени опто-физички ефекти како ограничен квалитет на видот, визуелна непријатност, главоболки и особено дигитален замор.

Што е дигитален замор?
Дигитален замор е напрегање на очите кое е предизвикано од зголемената употреба на дигитални уреди, и за работа и за активности поврзани со животниот стил. Ова е проблем на јавното здравје кој денес е станат универзален тренд. Станува збор за проблеми со очите и видот кои вклучуваат различни симптоми како мускулно напрегање на очите, окуларна непријатност, уморни очи, главоболки, заматен вид и двоен вид. Овие симптоми се најчесто надополнети со суви очи, иритации и чешање, а може да предизвикаат и посериозни аномалии на видот.
Дуализмот на сината светлина
Сината светлина има и корисни и штетни ефекти врз нашето здравје, поради што постојано се зборува за ,,дуализмот на сината светлина".
Одредено количество сина светлина, особено онаа со ниска енергија (тиркизно-сина), му е потребна на нашето око. Таа најпрво е потребна за визуелната целовитост на сликата и веродостојно формирање на боите. Покрај ова, сината светлина го предизвикува лачењето на мелатонин со што директно влијае на биолошкиот часовник и процесите на спиење и будење како и на процесот на создавање меморија.
Токму затоа, при изработка на поквалитетните стакла за заштита од сина светлина, се обрнува внимание на овој дуализам. Заштитниот слој треба да ја одбива високо енергетската сина светлина која е штетна за нас, а истовремено да ја пропушта корисната сина светлина.

Како правилно да се заштитите од сината светлина?
Со носење на заштитни стакла.
Постојат голем број типови на заштитни стакла, а оптичарите и оптометристите се тука за во соработка со вас да откријат кое стакло одговара најмногу на вашите потреби и на вашиот стил на живот.
Покрај ова, тие ќе ви објаснат и какви поинакви практики треба да внесете во секојдневието, за да не го нарушите а при тоа максимално да се заштитите.