Науката позади морковот!
Сите сме слушнале дека морковот е важен за видот. Но што велат докторите за тоа? Дали е тоа точно?
Очните мускули се во постојано движење и извршуваат три важни функции:
1) испитување на видното поле
2) проширување и стеснување на зениците во зависност од светлото и
3) промена на кривината на леќата во зависност од оддалеченоста на предметот кој се набљудува со цел да се изостри сликата.
За да се извршат овие важни функции на окото му е потребна одредена количина кислород и некои витамини кои можат да се најдат во храната. Најдобар за тоа е витаминот А кој се наоѓа во морковот.
Морковите, се разбира, не можат да го променат вашиот вид. Без разлика колку моркови ќе изедете тоа не може да го спаси вашиот вид. Но тоа не значи дека тие воопшто не влијаат на здравјето на вашите очи.
Бета каротенот е каротеноид, пигмент присутен во морковот и во друга портокалова храна (тиква, манго) како и во спанаќ и брокула. Телото го користи бета каротенот за да создаде витамин А. Тоа е еден од најпотребните витамини - потребен за создавање родопсин кој ја одржува влажноста на окото и се грижи за мембраната на окото. Корисен е за спречување на болестите на мрежницата и воопшто болестите на очите. Понекогаш слепилото е резултат на екстремен недостаток на витамин А. Исто така недостаток на каротен значи поголем ризик за појава на макуларна дегенерација.
Морковите не можат да го променат целосно вашиот вид, но нема сомнеж дека се добри за вашите очи и вашето здравје.