Катаракта е состојба на заматување на природната леќа на човекот што води до слабеење на видот почнувајќи од постепено заматување па се до привремено слепило. За среќа, денес ова слепило може да се избегне со рана операција.
Катарактата во најчест случај е промена на структурата на леќата од возраста. Со текот на времето структурата на леќата се менува и таа ја губи прозрачноста, добива сива боја а некогаш и жолтеникава или кафена (различни типови на катаракта).
Постојат различни причини и фактори (покрај тоа што може да биде и наследна) како инфекции за време на бременост, метаболични нарушувања (дијабетес), пушење, алкохол, дехидрација, пореметување во исхраната, траума итн.
Катарактата е често пропратена од други очни болести (увеитис, ретинитис, пигментоса..). Ги зафаќа сите старосни групи, од бебиња и деца, до доцна старост (каде што е најчеста појава). Вродената катаракта може да биде пропратена со глаукома која може да не се забележи веднаш.
Како симптоми на катаракта може да се појават: двојно гледање, замаглен вид, тешко или бледо распознавање на боите (особено на сината боја), потешкотии со видот во вечерните часови или ,,ноќно слепило", отсјај околу светлите предмети, честа промена на контактни леќи, губење на чувство за длабочина, умор во очите и главоболки.
Постојат неколку типови на катаракта:
1. Нуклеарна катаракта: заматување на нуклеусот (јадрото на леќата)
2. Кортикална катаракта: заматување на периферните оддели на леќата
3. Кортиконуклеарен катаракт: комбинација од претходните два вида
4. Катаракта на задна капсула: заматување на делот во близина на задната капсула на леќата
5. Матурна катарата: целосно заматување на леќата
6. Нигра катаракта (кафена) : најостра форма на развиена катаракта
Кога се бебињата и децата во прашање треба да се оперира што порано, ако катарактата е централно поставена и го попречува развојот - како рана борба против кратковидноста. Интраокуларните импланти се неопходни, освен во јасно дефинирани, ретки стадиуми кога тоа се смета за секундарен акт.

- СИМПТОМИ:

- ТИПОВИ:

- ЛЕКУВАЊЕ: