Носењето очила многу пати за децата е голем проблем. Колку е детето помало толку полесно ги прифаќа очилата. Кај постарите деца покрај сопственото размислување, влијание има и околината.
Како вашите деца полесно да ги прифатат очилата?
Многу од децата се чувствуваат хендикепирани, но ако очилата се прифатат како моден детаљ, ете добра прилика да се биде модерен, поинаков и интересен.
Постојат неколку клучни правила за вашето дете полесно да ги прифати очилата:

- Дозволете му само да ги избере рамките. Така носењето очила ќе стане повозбудливо. Вие секако погрижете се да лежат правилно на неговото лице со цел да обезбедите најдобра нега за неговите очи.
- На почетокот е во ред да ги носи пократко, додека да се навикне.
- Поттикнувајте го да ги носи очилата кога прави нешто во кое ужива, на пример додека гледа цртан. Градење позитивни доживувања со неговите нови рамки ќе предизвика да ги сака се повеќе.
- Доколку вашето дете ги стави очилата без вие да му кажете и без да го убедувате, пофалете го.
- Објаснете му дека носењето очила треба да стане секојдневна рутина, како миење заби и облекување. Ако е доволно возрасно објаснете му зошто се важни за неговото здравје.
- Зборувајте за спортисти, глумци, пеачи или членови на семејството кои носат очила.